Мајкл Бубле со емотивен видео запис

Пејачот Мајкл Бубле направи емоционално враќање на музичката сцена, откако привремено ја прекина кариерата, за да се грижи со својата сопруга за 3-годишниот син.

Тој официјално го претстави прекрасното видео на песната „I believe in you“.

Видеото, се концентрира на љубовна приказна на девојка и момче, која започнува од детските години и продолжува до длабока старост.

Мајкл Бубле со синот Ноа

Песната е вториот сингл на Канаѓанецот од албумот „Nobody But Me“, кој излезе во октомври 2016 година.

Тоа е неговата прва појава откако 3-годишниот син беше дијагностициран со рак на крајот на минатата година.