Пиперки со сирење и компир

Состојки:

5 пиперки,
6-7 компири,
300 грама сирење,
две лажици павлака,
3 јајца, масло,
мешавина сув зачин,
сол,
бибер,
магдонос.

Подготовка:

Пиперките исчистете ги и малку посолете ги внатре. Сирењето изгмечете го, па додајте јаце, кисела павлака и пет лажици масло, се измешајте и наполнете ги пиперките. Наредете ги во замастена огноотпорна тава. Во смесата со сирење која ви преостанала додајте сецкан компир, зачинот, бибер и ситно сецкан магдонос. Се добро измешајте и наредете го компирот меѓу полнетите пиперки. Помешајте четири лажици масло и четири лажици вода и прелијте одозгора, па ставете во рерна да се пече на 200 степени. Печете додека компирот не добие златножолта боја.

пиперки со сирење и компири