Модниот дизајнер Ралф Лорен реши да ја прошири својата империја со додавање на бар каде ќе се послужува кафе, коктели и мезе.
Барот ќе биде отворен во Лондон, а тој ќе биде дополнување на веќе богатата угостителска понуда во портфолиото на Лорен, како што се американскиот елитен клуб-ресторан во Чикаго, ресторанот за бургери и мартини во Њујорк и гламурозниот стек ресторан во Париз.
Новиот бар е претставен како бар за кафе и еспресо, класични коктели и лесна храна во елегантниот американски препознатлив стил на брендот, надополнет со европската смисла за квалитет.