Петгодишната ќерка на познатиот музички пар Бијонсе и Џеј Зи го украде вниманието на сите присутни на овогодинешните Греми награди .
Малата се појави облечена во шармантен розов костум на „Gucci“ со бела кошула, инспириран од Принс кој чини 3 илјади долари.
Таа редовно присуствува на големите настани во музичката индустрија, заедно со своите родители.
Блу Ајви која наскоро ќе стане сестра на бебиња близнаци кои Бијонсе и нејзиниот сопруг ги очекуваат ја гледаше својата мајка од првите редови и се радуваше на нејзиниот настап.
Once again Blue Ivy is too adorable for words ❤️❤️❤️ #GRAMMYs (CONGRATS @beyonce!!!) pic.twitter.com/kYYJSPRgBN
— Cosmopolitan (@Cosmopolitan) February 13, 2017