Актерката Кејти Холмс го смирува својот поранешен сопруг Том Круз, откако тој загуби мајка си.
Поранешните сопружници не комуницирале неколку години, но трагедијата во семејството на Круз го стопи мразот помеѓу Том и Кејти.
“Том беше столчен од болка од загубата на својата мајка. Тие беа многу блиски “, додадоа од опкружувањето на актерот.
Том Круз и Кејти Холмс се венчаа во ноември 2006 година, а во август 2010 двојката се раздели.
Од бракот ја имаат ќеркичката Сури, која во моментов има 10 години, а во последните години Том избегнуваше да комуницира и со двете.
“Првично тие комуницираа преку Скајп и со SMS, но и тоа прекина одеднаш. Том се оправдуваше со работни обврски, но вистината е дека тој веќе не се грижи за Сури така како порано “, споделија извори блиски до ѕвездата.
Сподели