Пејачот Џорџ Мајкл почина на 25 декември минатата година, меѓутоа тој се уште не е погребан и не се знае кога точно ќе биде.
Причината за тоа е што досегашните испитување се уште ја немаат откриено причината за смртта на Џорџ Мајкл.
Првичната токсиколошка анализа не ја открила причината за смртта, а според некои извори за нова ќе мора да се чека уште најмалце три месеци.
Семејството и најблиските биле револтирани и нервозни зошто толку долго трае утврдувањето на причините за смртта и се надеваат дека за брзо ќе може да се простат од познатиот пејач.