Поховани палачинки со пилешко

Состојки:

8 палачинки,
250 грама пилешко,
една лажица мешавина од сув зачин,
40 грама путер,
1 мускатно оревче,
4-5 кисели краставички,
1 пиперка,
сол,
бибер,
100 мл кисела павлака,
масло за готвење.

За поховање:

50 грама брашно,
2 јајца,
80 грама презли

Подготовка:

Пилешкото исечете го на коцкички, зачинете го, малку посолете, промешајте, па пропржете го на масло. Кога месото е готово и меко, додајте го изренданото мускатно оревче, ситно сецкани краставички, пиперка и кисела павлака.

На секоја палачинка ставете лажица од смесата, преклопете ги двете страни кон средината, а потоа завиткајте. Палачинките извалкајте ги во брашно, потоа во јајце, па во презла и пржете на масло од сите страни додека не добие златножолта боја.

Поховани палачинки со пилешко