Еве како Дрејк и го честиташе роденденот на Ријана

Ријана вчера го прослави својот 29-ти роденден, а нејзиното екс момче, Дрејк не заборави да и го честита.

Раперот тоа го направи на неговиот концерт во Даблин.

„Вечерва некој има роденден. Некој за кого јас имам многу љубов и почитување. Нема да пееме „Среќен роденден“. Наместо тоа ќе го направиме ова…“, изјави раперот кој ја изведе нивната заедничка песна „Work Work“.

Инаку Ријана и Дрејк беа во врска минатата година, но истата заврши откако раперот објави фотографии на кои е во прегратките на Џенифер Лопез.