Состојки:
250 мл слатка павлака,
10 јајца,
200 гр сланина,
шунка, свински врат (по желба),
исецкана на коцкички,
100 гр кашкавал изрендан,
2 лажици лебни трошки,
сол,
бибер,
малку свеж магдонос,
масло
Подготовка:
Еден огноотпорен сад намастете го со масло и ставете ја павлаката.Над павлаката искршете ги јајцата. Посипете со сол и бибер и по желба со сецкан свеж магдонос.
Одозгора распоредете ја сецканата сланина, посипете со рендан кашкавал и на крај и со лебни трошки.Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 20 минути.