Ријана прогласена за хуманитарец на годината од Харвард

Престижниот универзитет Харвард неодамна го одржа годишното доделување на хуманитарните награди, а оваа година најголемото признание го доби Ријана.

Пејачката беше прогласена за хуманитарец на годината и доби громогласен аплауз од присутните за нејзината работа во полето на борбата против ракот на дојката и во промовирањето на образованието.

Ријана со сопствени средства има изградено центар за онкологија и нуклеарна медицина во Барбадос, а ја креираше и Фондацијата Кјара и Лајонел која им помага на студентите од Карибите.

Освен ова, Рири е поддржувач на Проектот за Глобално Образование кој им помага на девојчињата од неразвиените земји да добијат образование.

ријана