Џорџ и Амал Клуни ќе ги избегнуваат опасните земји

Откако актерот Џорџ Клуни и неговата сопруга, адвокатката за човекови права Амал Клуни открија дека чекаат близнаци, двојката е многу внимателна.

Актерот, кој е познат по својот политички активизам и неговата сопруга одлучија засега да живеат повнимателен животот, поради што Клуни најави дека нема да патуваат во опасни земји.

„Сопругата повеќе нема да патува во Ирак, а јас ги бојкотирам Јужен Судан и Конго“, рече холивудскиот актер.

џорџ клуни и амал

Тој додаде, дека тие земји се опасни по живот, а ќе ги избегнуваат и оние каде не се добродојдени.

Клуни неодамна ги негираше шпекулациите дека двојката чека девојче и момче.

„Не знам од каде тие шпекулации. Амал и јас се уште не ги знаеме половите на близнаците, ниту пак сакаме да знаеме“, изјави за француските медиуми.

џорџ клуни и амал клуни