Британската актерка Ема Вотсон започна со промовирање на филмот „Убавицата и ѕверот“.
Ема, која ја има главната улога во новата филмска авантура на Дизни, беше во центарот на вниманието на премиерата во Лондон.
За свеченоста во британската метропола, 26-годишната ѕвезда избра светлосин фустан со долга наметка од Емилија Вествик.
Вотсон е посветена на еко-мода, па секоја креација која таа ќе ја носи за време на промоциите ќе биде од обновливи материјали.
На премиерата присуствуваа и нејзините колеги од филмот, Ден Стивенс, Лук Еванс, Ема Томпсон, Стенли Тучи и Ијан МекКелен.