Документарниот филм против Хилари Клинтон и блокбастерот „Бетмен против Супермен – Зора на правдата“, освоија по четири Златни малини за најлоши филмски остварувања, на синоќешната церемонија во Калифорнија.
На наградите, замислени како антипод на Оскарите, „триумфираше“ документарецот „Америка на Хилари“, кој беше прогласен за најлош филм за 2016 година.
Ребека Тарнер, која ја игра улогата на Хилари Клинтон во филмот, беше прогласена за најлоша актерка.
„Ова е апсолутно фантастично. Мојата публика го обожава фактот што ме мразите. Ви благодарам“,Д`Соуза се обрати на публиката преку видео порака.
„Бетмен против Супермен“ ги доби Златните малини во категориите: „најлошо сценарио“, „најлош филмски тандем“, Бен Афлек и Хенри Кавил, „најлош римејк, плагијат или продолжение“ и „најлош спореден актер“, Џеси Ејсенберг.
Добитниците добиваат златно обоени мали статуетки кои чинат околу пет долари.
За наградите се гласа преку интернет од околу илјада члениви на Златната малина од 24 земји од светот, кои плаќаат 40 долари за регистрација.