Состојки:
500 грама јунешко (или мешано) мелено месо,
кромид,
250 грама сирење,
1 стара кришка леб,
2 лажици сецкан магдонос,
1/2 лажица оригано,
1 јајце,
масло,
сол,
бибер.
Подготовка:
Кришката леб потопете ја во малку млака вода. Сирењето исецкајте го на коцки. Кромидот излупете го и исецкајте го, па пропржете го на малку зејтин. Меленото месо ставете го во чинија, додајте го омекнатиот леб и сите останати состојки. Измешајте ги и направете ќофтиња. Во секое ќофте ставете по едно парче сирење. Загрејте масло и пржете ги ќофтињата додека не поруменат.