Музичарот Шон Пол на својот профил на Инстаграм објави дека станал татко и сподели фотографија од сопругата Џоди Стјуард Енрикес и новородениот син Леви Блејз.
Шон Пол објави дека очекува дете во август минатата година, а тоа го направи повторно преку социјалните мрежи, споделувајќи фотографија од својата сопруга, која свири на гитара и пар бебешки чевли врз пијаното.
Во интервју за БиБиСи во декември музичарот призна дека за разлика од жена си, тој не чита книги за бебиња и не оди на курсеви за млади родители. “Жена ми се подготвува и ме предупредува. Но, јас секогаш сум велел” Ќе бидам одличен татко “, се пошегува тој.