Тори Спелинг се породи со своето петто дете

43-годишната актерка, Тори Спелинг, која се прослави со улогата на Дона во хит серијата „Беверли Хилс, 90210“, на Twitter ја сподели веста за раѓањето на третиот син со фотографија од рачето на малото бебенце.

Со возбуда објавуваме дека се роди најновиот член на семејството Мекдермот“ – напиша таа додавајќи дека момчето го добило името Бо Дин Мекдермот.

тори спелинг

„Премногу сме заљубени во бебето Бо. Тој е вистински благослов и неговите браќа и сестри се пресреќни што го запознаа! Многу сме благодарни за нашето големо, убаво и здраво семејство“, изјави Тори за списанието People, во кое со семејна фотосесија за првпат објави дека е бремена.

Тори Спелинг