Блејк Лајвли и Рајан Рејнолд пред нешто повеќе од пет месеци станаа родители по втор пат.
Парот ја доби малата Инес, а тие ја имаат и 2-годишната ќерка Џејмс.
Блејк и Рајан многу ретко во јавност се појавуваат со своите деца, па нивната прошетка низ Њујорк беше вистинско изненадување за сите.
Папараците го фотографираа среќното семејство, а вниманието го украде малата Џејмс која беше на рамениците на својот татко.
Само за потсетување, светот прекрасните девојчиња за прв пат ги виде кога Рејнолдс доби ѕвезда на Булеварот на славните.