Состојки:
1 кг свинско каре
1 лажица зачин
2 чешниња лук
1 главица кромид
1 морков
ловоров лист, мајчина душица, рузмарин
1 чаша бело вино
2 лажици масло
50гр маргарин
сол, бибер
Подготовка:
Ситно се сечкаат кромидот и морковот и се пропржуваат во поголема тава со масло. Месото се премачкува со зачин од сите страни, се додава во жешкото масло заедно со лукот и ароматичните билки и се пропржува внимателно од сите страни додека не фати коричка. Се додава виното, сол и бибер по желба и се остава виното да испари.
Месото се префрлува во плех за печење, одозгора му се редат неколку парчиња маргарин по целата површина. Се пече во рерна на 200⁰С околу 40 минути, а по потреба може да се покрие со алуминиумска фолија за да се испече рамномерно.
Кога ќе се испече, се сече на парчиња и се сервира.