Познатата актерка и оскаровка, Натали Портман, го роди своето второ дете, девојче на кое и го даде името Амалија.
Натали е во брак со францускиот кореограф Бенжамин Милипид, а заедно имаат и петгодишен син.
„Натали Портман и нејзиниот сопруг Бенжамин Милипид добија девојче Амалија Милипид на 22 февруари. Мајката и детето се во добра здравствена состојба“ стои во соопштението за јавноста.