Џорџ Мајкл на 26-ти декември минатата година почина во својот дом во Лондон.
И откако поминаа два ипол месеци од неговата смрт, конечно пристигна обдуцискиот извештај и се знаат причините за смртта на музичарот.
Џорџ Мајкл починал од хронична болест на срцевиот мускул.
„Потврдена е природна смрт, лицето боледувало од кардиомиопатија, миокардитис и замастен црн дроб, а истрагата е прекината и нема потреба од дополнителни испитувања“, изјави главниот лекар кој работел на обдукцијата.
Семејството на пејачот со месеци беше во агонија бидејќи не можеа да го погребаат својот син, пријател, љубовник, но по обдукцискиот извештај телото ќе биде предадено на неговите најблиски.