Состојки:
1,2 л млеко
4 пакетчиња пудинг од ванила
2 пакетчиња ванилин шеќер
1 коцка маргарин
100 гр шеќер во прав
100 гр кокосово брашно
100 гр мелени бисквити
1 лажичка какао
Подготовка:
Прашокот за пудниг се приготвува според упатството на пакетчето, само овој пат 4 пудинга се варат во 1,2л млеко во кое претходно сме ставиле 2 пакетчиња ванилин шеќер. Готовиот пудинг се остава да се излади, додека се лади треба да се покрие со фолија за да не фати коричка.
Во меѓувреме коцката маргарин (што стоела на собна температура за да омекне) се мати со 100 гр шеќер во прав. Изматениот маргарин се меша со изладениот пудинг. Таа смеса се дели на 2 дела – во едната половина се додава кокосовото брашно , а во другата половина се мешаат мелените бисквити и една лажичка какао.
Во калап по желба, (треба да биде мокар или намачкан со масло, за да не се залепи пудингот) наизменично се става слој од светлиот и слој од потемниот пудинг (фил).
Се чува на ладно место 2 часа, за да се стегне убаво и да добие форма. Кога ке се извади од калапот може да се украси со шлаг или да се посипе со кокос или чоколадни трошки. Се сече како парче торта или на коцки, како колач