Член на „One Direction“ уапсен поради напад на новинар (видео)

Членот на најпознатиот машки бенд “One Direction”, Луис Томилсон, бил уапсен во Лос Анџелес по тепачка во која учествувал заедно со својата девојка.

Имено, Луис и неговата партнерка Еленор Калдер, биле на аеродром кога биле обиколени од папараци и фанови на бендот.

Томлинсон фрлил еден од фотографите на под, поради што и бил уапсен.

Пејачот бил однесен во затвор во Лос Анџелес, и обвинет е за физички напад.

Неговата PR служба кратко соопштила дека ја бранел својата девојка, која била нападната.