Речиси 2 години по разделбата, актерите Бен Афлек и Џенифер Гарнер одлучија да го одложат разводот и да му дадат уште една шанса на бракот.
Двајцата се во брак веќе 12 години и имаат три деца.
По 10 години брак, омилениот пар на Холивуд објави дека става крај на врската, откако стана се дозна дека Афлек имал афера со дадилката на децата.
Папараците често ги фотографираа заедно на јавни места, пред гласачките кутии, на одмор или во ресторани, а очигледно нивните редовни средби ја вратиле љубовта во нивните односи.