Џо Манганиело на неговата сопруга, актерка Софија Вергара, за годишнината од бракот и напишал книга во која се раскажува нивната љубовна приказна.
„И напишав книга како подарок за нашата прва годишнина од брак. Во неа се зборува за тоа како се сретнавме, за меѓусебните симпатии и слично. Напишана е на 40 страници. Јас навистина ја сакам својата жена“, изјавил романтичниот Џо за „Космополитен“ и се присетил на почетокот на нивната љубовна приказна.
Џо раскажал како од пријателки дознал дека Софија е слободна, а нејзиниот број го добил од заедничката колешка Џеси Тајлер Фергусон.