Ѕвездата на хит серијата „Game of Thrones“, Емилија Кларк ќе биде лицето на новиот парфем на “Долче и Габана”, наречен “Единствената”.
Според официјалното соопштение на дизајнерите Доменико Долче и Стефано Габана, 30-годишната убавица е вистинско олицетворение на Долче и Габана , зошто таа е сјајна и полна со живот.
Дизајнерите споделија и дека ја избрале неа, бидејќи сметаат дека нејзината личност и природна убавина ја доловуваат совршено суштината на новата нивна рекламна кампања.

