Анџелина Џоли заедно со своите деца моментално престојува во Лондон каде има навистина зафатен распоред.
Актерката и режисерка ја прифати улогата на професор во Лондонската школа за економија, каде ќе предава на курсот за Жени, Мир и Безбедност.
Но, Џоли секогаш наоѓа време за своите деца, па така беше и овој пат кога со синот МЕдокс замина на ноќна прошетка во Бакингамската палата.
Мајката и синот беа забележани како заминуваат од нивниот хотел, а извор близок до актерката вели дека Анџелина ја организирала прошетката и платила да може да има приватна прошетка во палатата.