Мекици

Состојки:

Брашно
Прашок за печиво
1 јајце
1 лажица кисела павлака
200 мл јогурт

Подготовка:

Изматете го јајцето заедно со павлаката и јогуртот. Во смесата полека додавајте брашно, прашок за печиво и малку сол. Брашното се додава се додека тестото не стане како тесто за пита (де не се лепи).
Од расуканото тесто со нож направете коцки, развлечете ги нежно со прстите и пржете ги во врело масло.
Од двете страни мекиците треба да имаат златно-жолта боја.

Совет:

Готовите мекици можете да ги премачкате со сладок прелив: мармалад, еурокрем, шлаг.Можете да сервирате и со сирење, кајмак, ајвар, шунка.Можете и да ги запечете во рерна

мекици