Селена Гомез на насловната страница на „ВОГ“

Селена Гомез е ѕвездата на априлското издание на „Вог“.

Во едиторијалот, музичката ѕвезда носи парчиња од актуелните колекции на Долче и Габана, Мајкл Корс, Луј Витон, Баленсијага, Томи Хилфигер и Тори Бурч.

Селена Гомез

Во интервјуто за списанието, 24-годишната пејачка зборувала за неколкумесечната пауза во која потполно се посветила на личниот живот, за славата на Instagram и за соочувањето со депресија и анксиозност.

Гомез изјавила дека се обидува да биде што поискрена со своите фанови, вклучувајќи ги и моментите кога е емотивно кршлива.

Селена Гомез

Селена Гомез

Селена Гомез