Холивудскиот актер Патрик Стјуарт откри дека користи медицинска марихуана секој ден и со неа се справува со артритични болки.
Тој ја поддржа иницијативата на Оксфордскиот универзитет, која има за цел да ги истражува придобивките од лековите базирани на канабисот.
“Пред две години бев на преглед во Лос Анџелес и докторот ми дозволи да ја користам медицинската марихуана за ублажување на болките во моите две раце”, раскажува Стјуарт.
Според него болеста му е наследна, бидејќи и неговата мајка имала проблем со рацете.
“Купив маст со канабис, која ја користам само ноќе, бидејќи е многу лигава. Дефинитивно ми помогна за подобар сон. Во текот на денот, пак прскањето на рацете со спреј неколку пати, ми дава извесно олеснување од непријатноста “, додава Патрик.
Сер Патрик Стјуарт е познат по својата улога на капитен Пикард во телевизиската серија “Ѕвездени патеки: Следната генерација” и со својата улога на професор Чарлс Ксавиер во филмската серија “X-Men”.
Сподели