Улогата на Кристијан Греј во филмот „50 нијанси сиво“ првично му била понудена на глумецот Чарли Ханам, но тој решил да ја одбие.
Конечно за ова се огласи и самиот Ханам, кој рече дека не е воодушевен од толку интензивни секс сцени, кои меѓу другото би можеле и да ја загрозат неговата врска.
„Посветен сум на врската и знам дека сексот пред камери баш и не и се допаѓа на мојата девојка. Тешко е да се отвориш емотивно пред камера, а тоа на гледачите да им делува искрено. Тоа пак, не е мојот омилен дел од работата“, појасни Ханам.