Актерот Мајкл Кејн ги сподели своите стравови од смртта и изјави дека му е познато дека деновите му се одбројани.
84-годишниот актер, кој боледува од рак, раскажа за сите мерки кои ги презема за да се обиде да се спротивстави на болеста.
„Знам дека моите денови се одбројани и тоа е мојот најголем страв. Морав да престанам да пијам алкохол и секогаш го барам она што е најдобро што можам да го направам против ракот, да јадам нешто или да направам нешто или пак да не направам нешто. Веројатно ќе се онесвестам додека ви зборувам, но знаете јас намалив 13 кг, само затоа што сакав да ги видам внуците. Тие се близнаци на 6 и момче на 7“.