„Убавицата и Ѕверот“ моментално е најголемиот филмски хит, кој со месеци ги полни филмските сали во светот.
И додека филмот со секој изминат викенд заработува се повеќе, така расте и финансискиот дел на главната актерка Ема Вотсон.
Актерката за улогата на Бела добила фиксни 3 милиони долари, а од прикажувањето до сега заработила уште 12 милиони, па нејзиното филмско појавување се искачи до 15 милиони долари.
Инаку „Убавицата и Ѕверот“ од прикажувањето во светски рамки досега има заработено 759 милиони долари.