Моника Белучи водителка на Канскиот филмски фестивал

Италијанската актерка, Моника Белучи ќе биде водителка на отварањето и затварањето на 70-от Кански филмски фестивал.

Телевизијата „Канал Плус“, која е ко-продуцент и има ексклузивни права за пренос на манифестацијата, во соопштението вели дека актерката има долга историја со фестивалот.

Моника Белучи прв пат се појавила во 2000-та година каде го претставила филмот „Под сомнеж“ на Стивен Хопкинс, за во 2003-та да биде водителка на Канскиот филмски фестивал.

Манифестацијата ќе се одржи од 17-28 мај.