После 10 години брак Мел Б се разведува

Поранешната „спајсица“ Мел Б се разведува од нејзиниот сопруг Стивен Белафонте, после десет години турбулентен брак.

41-годишната пејачка поднела документи за развод во понеделникот, a причина за разводот биле „непомирливи разлики“.

Пејачката побарала заедничко старателство над 5-годишната ќерка Медисон.

Проблемите во нивниот брак често ги полнеа весниците, а во 2014 година се шпекулираше и за физичко злоставување, кога во „Икс фактор“ Мел Б се појавила со модринки и гребаници на лицето и рацете.

мел б со сопругот