Суфлаки

Состојки:

пилешки стек
маринирани шампињони
лебни трошки
кари, бибер, буковец…
домати
млад кромид
лук во прав
павлака
лебче

Подготовка:

Стекот исецкајте го на коцки и пржете го на загреано масло. Кога ќе биде на половина од спремањето доставете му ги сецканите шампињони, и продолжете со пржење. Потоа додајте го зачинот за пица, биберот и карито. Пред самиот крај додајте и една лажица лебни трошки. Мешајте цело време. На крајот додајте го буковецот, кој по желба може и да биде лут.

На лепчето намачкајте павлака во која ставивте малку лук во прав. Потоа ставете го место, па доматите и одозгора исецканиот млад кромид. Свиткајте го лепчето.

Суфлаки