Бремената Амал Клуни во фустан од 130.000 евра

Амал Клуни има беспрекорен стил за кој очигледно се потребни многу пари.

Познатата адвокатка често се појавува во класични деловни комбинации, но на црвениот тепих е вистинска елегантна убавица.

Своето бремено стомаче таа досега го покажа само на еден црвен тепих, односно на филмскиот фестивал Цезар во Париз.

Амал тогаш облече бела тоалета со пердуви од модната куќа Версаче, која чини неверојатни 130.000 евра.

Инаку ова е прва бременост за адвокатката, која со својот сопруг Џорџ Клуни ќе станат родители на близнаци.