Новата сезона на реалното шоу „Keeping Up With The Kardashians“ стартуваше, а во првите епизоди фокусот се стави на грабежот кој го доживеа Ким Кардашијан во Париз.
Таа пред камерите прв пат раскажа што навистина се случило во апартманот, но и како таа се чувствува.
По грабежот Ким има проблем со спиењето и постојано се чувствуав небезбедно.
Поради тоа старлетата го зголеми обезбедувањето и според нејзините зборови таа не може да заспие ако пред вратата нема 4 бодигарди.
Само за потсетување, Ким беше ограбена на 3 октомври минатата година.