Американскиот рапер Дрејк постави нов рекорд, oткако 24 негови песни беа ставени на листата Хот 100 на „Билборд“ во иста недела.
Раперот го претекна и Лил Вејн и сега е соло изведувачот со најмногу хитови, 154 во 58-годишната историја на листата по успехот на најновиот албум „More Life“.
Во листата Хот 100 на „Билборд“ сега се 22 песни од дискот.
Неодамна беше објавено дека Дрејк не ја вклучил во новиот албум заедничката песна со Џенифер Лопез по неуспехот на нивната романтична врска.
Таа требало да се појави во хитот „Get It Together“, но наместо со нејзино учество, песната на дискот е со учество на Џорџ Смит.