Од крајот на емитувањето на серијата „Принцот од Бел Ер“ поминаа повеќе од 20 години.
Иако е јасно дека серијата никогаш повеќе нема повторно да се снима, актерската екипа повторно се собрала барем на едно попладне, а тоа го одбележале со фотографија која веднаш се прошири на социјалните мрежи.
Заедничката фотографија ја објавил Алфонсо Рибеиро, кој го глумеше роднината на Вил, Карлтон, а во описот на истата напишал дека „Секогаш е убаво дружењето со семејството од „Принцот од Бел Ер“ и додал дека би сакал и Џејмс Ејвори да е со нив.
Освен него, на фотографијата се и Татјана Али, Керин Парсонс, Вил Смит, Дафне Максвел Рид и Џозеф Марсел.