Крис Еванс откри која актерка му била прва симпатија

Актерот Крис Еванс даде искрено интервју за „E!News“ во кое откри многу работи за себе.

Покрај тоа што откри дека сака еден ден да биде татко, Еванс рече дека имал три симпатии кои биле познати актерки кога бил дете: Елизабет Шу од „Karate Kid“, Лори Лафлин од серијата „Full House“ и Сандра Булок.

„Сандра Булок ми беше симпатија до седмо или осмо одделение“, признава Еванс.

Тој исто така кажа дека омилен предмет во основно училиште му бил математика, мразел граматика и правопис и дека е фан на Disney.

крис еванс