Џорџ и Амал Клуни пред неколку месеци открија дека очекуваат близнаци, но досега не го објавија полот на бебињата.
И додека го чуваат во строга тајност, излгеда дека нивната блиска пријателка Синди Крафорд ја откри големата тајна.
Моделот на Инстаграм шеруваше фотографија на која држи бебешка облека на која ги пишува имињата Каса и Амигос, додека буквите се во розева и сина боја.
Инаку станува збор за шега помеѓу Џорџ и Амал.
Во јавноста се појавија гласините дека актерот „настојувал“ децата да ги крсти по неговиот бренд текила, односно компанијата која ја има заендо со сопругот на Крафорд, Ранде Гербер.
Иако знаеме дека ова нема да бидат нивните имиња, добро е што сега го знаеме и полот.