Канадскиот премиер Џастин Трудо го предизвика на реванш Метју Пери, откако актерот во една емисија и открил на публиката дека во средно училиште го истепал Трудо.
Пери во емисијата кај Џими Кимел раскажал дека одел во училиште со канадскиот премиер, но дека никогаш не биле пријатели, туку напротив, актерот тогаш опишал една епизода од средното училиште, во која го претепал премиерот.
„Беше подобар од нас во спорт и мислам дека тоа го направивме од чиста љубомора“, рекол Пери, а реакцијата на Трудо следувала по неколку недели.
„Размислував за нешто, и знаете што – кој не сака да го удри Чендлер? Што мислиш за реванш Метју?“, напишал Трудо на својот официјален налог Твитер.
Меѓутоа, неговите следбеници брзо сфатиле дека станува збор за шега, бидејќи Трудо овој „твит“ го објавил на 1 април.