Скандал во најава: Испливаа тајните што нема да му се допаднат на кралското семејство

Додека следбениците на кралското семејство набљудуваат со интерес како се развиваат односите меѓу Меган Маркел и принцот Хари и со нетрпение чекаат порака за претстојната свадба, сестрата на актерката собира аргументи против неа.

Саманта Грант повеќепати изјавувала дека Меган не е толку добра, како што изгледа.

“Не мислам дека британската кралица би ја прифатила таква каква што е, Меган е егоистична и заљубена во себе. Мислам дека кралското семејство ќе биде силно изненадено”.

Деновиве стана јасно дека Саманта дури планира да напише и книга за Меган, во која ќе ја открие целата вистина за неа, а наслов ќе биде “Дневникот на сестрата на принцезата”.

Според зборовите на Грант, Меган отсекогаш сакала да биде принцеза и Хари не е нејзината љубов на животот, туку само средство за постигнување на целите.

Саманта е болна од мултиплекс склероза и е врзана за количка.