Состојки:
пилешко месо (батак, карабатак, бело месо)- околу 1 кг
300 гр свежи шампињони
2 големи главици кромид
2 чешниња лук
1 морков
200мл бело вино
500 мл пилешка супа од коцка
1 лажица доматно пире
1/2 лажица брашно + за посипување на месото
масло
1 лажица вегета
сол, бибер
магдонос
рузмарин, мајчина душица
Подготовка:
Парчињата пилешко месо се посолуваат и се валкаат во брашно од сите страни. Месото кратко се пропржува на загреано масло. (околу5 мин)
Месото се вади од тавата и на истото масло се става крупно сечканиот кромид и луко. Кога кромидот ќе биде пржен, се додаваат шампињоните, исчистени и исечени на половина. Печурките се пржат 5 мин и се налеваат со виното. Кога виното ќе почне да врие, се додава доматното пире и се зачинува.
По 2-3 минути се налева супата од коцка, 1/2 лажица брашно и ситно сечканиот магдонос.
По желба, за да биде вкусот појак, може да се додаде и рузмарин и мајчина душица.
Вака припремениот сос се става во огноотпорен сад за печење и во него се реди пропрженото месо.
Се пече во веќе загреана рерна, на 200°С околу 40 мин .
Кога ќе се испече, се остава да се “одмори” 20 минути, за да ја добие потребната густина, па потоа може да се јаде.