Турли тава

Состојки:

1,5 кгр. мешано месо (свинско и телешко месо исечено на коцки)
200 гр. боранија
20-30 парчиња бамја
1 црн патлиџан
1 тиквичка
1/2 кгр. зелка
1-2 зелени пиперки
1-2 домати
1/2 кгр. компири
1/2 кгр. моркови
200 гр. масло
сол
бибер

Подготовка:

Целиот зеленчук се чисти и се сече на парчиња и се става во тава (највкусно би било доколку турли тавата ја готвите во земјана тава). Убаво измешајте и пoсолете по вкус. Преку зеленчукот наредете ги парчињата месo претходно издинстани со малку масло и вода. Ставете вегета и бибер, прелијте со масло и ставете во рерна да се пече на температyра од 200°С, околу 2 часа.

Турли тава