Роберт де Ниро повторно го нападна американскиот претседател Доналд Трамп, обвинувајќи го дека ја извалкал претседателската институција.
Актерот беше познат критичар на Трамп, уште пред да ја преземе функцијата во Белата куќа во почетокот на годината.
Во интервју за емисијата “Добар ден, Њујорк”, Де Ниро рече: “Ова е идиотски. Овој тип ја извалка претседателската институција. Тој ја понижи претседателската институција. Повеќе од надреално е она што овој човек го направи “.