Американскиот актер Дејвид Швимер, кој се прослави со улогата на Рос од серијата „Пријатели“ и неговата сопруга Зои Бакмен, официјално соопштија дека ќе се разделат.
„Во голема љубов, почитување и пријателство одлучивме само да земеме некое време и да се разделиме се додека не одлучиме за иднината на нашата врска. Нашиот приоритет во овој момент е среќа и благосостојба на нашата ќерка и затоа ве молиме за ваша поддршка и почитување на нашата приватност во овој момент. Ние ќе продолжиме нашата ќерка да ја воспитуваме, да ја растеме заедно и да ја водиме низ ова ново поглавје во нашите животи“, стои во пораката.