Ги изгуби и ќерката и сопругата: Пирс Броснан за семејната трагедија

Холивудскиот актер Пирс Броснан ги изгуби ќерката и сопругата, а сега проговори и за трагедијата која му се случи.

Пирс 11 години бил во брак со сопругата Касандра Харис, која починала во 1991 година од рак на јајниците.

Од истата болест во 2013-тата година починала и неговата ќерка.

„Да гледате некој што го сакате како оваа болест му го зема животот е таква тага, што станува дел од вашата психа. И ја држев цврсто раката на мојата сопруга Кеси додека ракот и го земаше животот, а потоа ја држев и раката на мојата духовита ќерка, која исто така почина од оваа опасна, наследна болест.

пирс броснан