Три месеци по раѓањето на синот: Џенет Џексон се разведува!

Џенет Џексон и Висам Ал Мана се разведуваат!

Странските медиуми ја потврдија веста за нивната разделба само три месеци по раѓањето на нивното прво дете.

Џенет Џексон на 50-годишна возраст го роди синчето Еиса на почетокот од јануари, но и покрај се очигледно нејзиниот брак бил пред колапс.

Талентираната пејачка и 42-годишниот бизнисмен тајно стапија во брак во 2012 година.