Џулија Робертс не присуствувала на свадбата на нејзиниот очув

Џулија Робертс е уште една ѕвезда со тешки семејни тајни и несреќно детство.

Добитничката на “Оскар” одамна е во лоши односи со својот втор татко Мајкл Моутс и демонстративно одбила да присуствува на геј свадбата одржана во тесен круг минатиот септември.

Мајкл и Тимоти Рааш склучиле брак по 25-годишна врска во Џорџија каде геј-браковите се легализирани, откри RadarOnline.

ЏУЛИЈА РОБЕРТС

Самиот Моутс одбил да го коментира големиот настан, но го одразил на Фејсбук промена семеен статус.

Во меѓувреме посвоените деца на Мајкл категорично одбиваат да имаат каков и да е контакт со него, а постариот брат на Џулија, Ерик Робертс неодамна изјави во интервју: “Уште од почетокот ни беше јасно дека Моутс е насилник. Тој ме малтретираше физички и психички и мислам дека ги малтретираше и моите сестри Џулија и Лиза “.

џулија робертс татко